Три собраниски комисии – за одбрана и безбедност и за економски прашања, ќе одржат седници денеска, а Законодавно-правната комисија ќе одржи две различни седници.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност во второ читање ќе ги разгледуваат Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, Предлог-закон за изменување на Законот за гранична контрола и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања меѓу другите се Предлог-закон за изменување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог-закон за изменување на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Законските предлози исто така се ставени во второ читање.
Законодавно-правната комисија денеска ќе ги одржи 54 и 52 седница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст