| четврток, 6 декември 2018 |

Јавно ќе се гледа целосната снимка со Заев за случајот „Поткуп“

На барање на премиерот Зоран Заев денес во Кривичниот суд ќе се пуштаат снимките за случајот „Поткуп“, според кои, тој се товари за барање и земање поткуп од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев додека бил градоначалник на Струмица. Заев тврди дека снимките што се објавени на интернет се со најмалку два прекина за да се дискредитира неговиот интегритет и углед.

На судското рочиште треба да сведочи бизнисменот Сачевалиев, кој до сега не се појавуваше на рочиштата за предметот.

Обвинителката Валентина Бислимовска од Обвинителството за организиран криминал и корупција е против предлогот да се пуштат снимките во целост, бидејќи, иако се декласифицирани, тие може да се користат под строго определени услови во судска постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top