| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнат претседателот на ЛДП, Горан Милевски

Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, денеска бил физички нападнат во центарот на Скопје, објави Нетпрес. Пратеникот добил неколку шлаканици од се уште непознато лице.

Заради здобиени телесни повреди, Милевски заминал во болница.

Случајот бил пријавен во полиција. Официјална информација и потврда за настанот има и од МВР.

Во 16.30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштадот „Македонија“ бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, посочија од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top