
Два трговски центри во Рим биле евакуирани поради закана за бомба. Првично италијанскиот весник „Масаџеро“ примил повик во кој се тврдело дека е поставена бомба во автомобил во близина на трговски центар „Ринаскенте“. На лице место дошле припадници на полицијата и специјална единица за справување со бомби.
Вториот трговски центар од истиот ланец во северниот дел на Рим бил евакуиран од безбедносни причини. Набрзо било утврдено дека повикот бил лажен.
Во текот на целиот викенд единицата за антитерористичка полиција е распределена низ Рим, поради информации дека осомничени исламски терористи се на слобода.
Медиумите пренесоа дека потенцијална закана претставува Матлути Атеф од Тунис, кој е означен како потенцијален бомбаш-самоубиец, односно како некој кој би можел да врши напади врз барови, автобуски станици и шопинг центри во градот.
Атеф и е познат на полицијата по дилерство на дрога и други поситни кривични дела.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


