| четврток, 6 декември 2018 |

Цукерберг им се извини на Британците за „прекршената доверба“

Извршниот директор и основач на Фејсбук, Марк Цукерберг денеска им се извини на Британците поради „прекршената доверба“, во врска со злоупотребата на личните податоци на околу 50 милиони корисници на социјалната мрежа од страна на компанијата „Кембриџ Аналитика“.

Во извинувањето објавено на цела страница во неколку британски весници, Цукерберг наведува дека Фејсбук има одговорност да ги штити информациите на корисниците, а ако не може да го прави тоа, тогаш и не ја заслужува нивната доверба.

Тој тврди дека податоците на милиони корисници на Фејсбук во 2014 година протекле со помош на програма што ја изработил „еден унверзитетски истражувач“.

– Тоа е прекршување на довребата и жал ние поради тоа што не сторивме нешто повеќе во тоа време, наведува Цукерберг во својата прва реакција по објавувањето на скандалот со „Кембриџ Аналитика“.

Цукерберг во своето денешно извинување им се заблагодарува на корисниците што се уште веруваат во Фејсбук зедницата и ветува дека ќе ја направи подобра,

Фејсбук се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата „Кембриџ Аналитика“ и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисници, без нивно знаење и одобрение.

Еврокомесраката за правда, права на потрошувачите и родова еднаквост Вера Јоурова денеска во изјава за Би-Би-Си побара од Фејсбук објаснување за злоупотребата на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа.

– Тигарот излезе од кафезот. Ова претставува повик за бидење кога станува збор за кршење на правилата за заштита на податоците на Фејсбук, изјаи Јоурова, додавајќи дека скандалот би можел да ја промени опуштеноста на луѓето во САД во врска со прашањето на приватноста.

Јоурова нагласи дека ЕУ бара од Фејсбук да ги почитува европските закони и да стори многу повеќе кога е во прашање општествената одговорност и елиминирањето на говорот на омраза,

Таа најави дека утре ќе испрати официјално барање до Фејсбук за разјаснување на целиот случај и објаснување дали личните податоци на Европејците без нивно знаење биле неконтролирано прибирани преку социјалната мрежа.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top