| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемите гурмани во македонската влада (фото)

Министерот за економија Крешник Бектеши e лидер по трошења во ресторани и угостителски објекти во земјава и странство.

Според алатката што ја објави Владата – министерот Бектеши, за шест месеци направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет е министерот за правда кој веќе си поднесе оставка – Билај Салиу со 12 илјади евра. Министерот Алаѓозовски за истата намена потрошил нешо помалку од 9 илјади евра, додека пак Љупчо Николовски нешто повеќе од 7 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top