| четврток, 6 декември 2018 |

Србин баран со меѓународна потерница фатен на Богородица

На граничниот премин Богородица вчера е уапсен српски државјанин кој се барал со меѓународна потерница.

Според МВР, станувало збор за 49 годишниот З.А. од местото викано Големо Село во Србија. Тој се обидел да ја напушти државава преку македонско грчката граница во Гевгелија со автомобил рено со кое управувал 42 годишниот П.С. од Скопје.

По извршените проверки и увидот во компјутерската евиденција било утврдено дека З.А. бил евидентиран со мерка „апси“. Тој се барал во Србија за извршени кривични дела „измами“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top