| четврток, 6 декември 2018 |

Пијана девојка кршела чаши и чинии во угостителски објект во центар на Скопје

Дваесет и шестгодишна скопјанка кршела чаши и чинии вчера во угостителски објект во центар на Скопје. По интервенција на полицијата девојката била алкотестирана и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот.

Како што информира МВР, вчера во 12.30 часот во угостителски објект во центарот на Скопје дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Л.П. (26) од Скопје, која почнала да крши чаши и чинии во објектот.

Девојката  била спречена и задржана од обезбедувањето во објектот до доаѓањето на полициски службеници, по што таа била алкотестирана и и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top