Сопственикот на порталот комуникација.мк, 31 годишниот Бобан Насев заработи кривина пријава за измама и е осомничен дека во периодот од 2007 година до 2012 година измамил петмина жители на Скопје, Радовиш и Штип од кој зел 21.000 евра (1.297.800 денари ) лажно ветувајќи им дека ќе им најде работа.
Оштетените С.Е. од Радовиш, Б.П. од Скопјен, В.Б. од Штип, С.Ј. од Скопје и И.Т. од Штип случајот го пријавиле во штипската полиција.
Во разговорот со полицијата измамените изјавиле дека Насев лажно се претставувал дека е наводно висок функционер или вработен во институциите на различни Министерства. При тоа оштетената С.Е. од Радовиш ја довел во заблуда дека тогашниот министер во Министерство за информатичко општетство му е близок пријател и истиот ќе и помогне да се вработи во наведеното министерство, а за противуслуга од С.Е. побарал да плати 5.000 евра кои средства истата му ги дала во повеке наврати во текот на октомври 2012 година.
Оштетениот Б.П. од Скопје бил доведен во заблуда од пријавениот со лажно прикажување на факти дека Б.Н. како наводен потпретседател на кадровата комисија во Министерстовото за надворешни работи ке му помогне на оштетениот да го вработи во наведеното министерство, а дека пак неговата сопруга В.П. ќе ја вработи во Народна Банка на РМ, за што му побарал надомест од 10.000 евра, кои средства во период од октомври до ноември минатата година му биле дадени од страна на сопружниците во стан на пријавениот во Скопје. За да биде поубедлив во измамата пријавениот на оштетените им покажал лажни факти: една плакета од Народна Банка на РМ која наводно му била врачена од Гувернерот за заслуга, значка – легитимација со негови генерали и слика која му била дадена како припадник на НАТО.
Потоа на оштетениот В.Б. од Штип лажно му се преставил дека е вработен како шеф на кабинет во Министерство за транспорт и врски и за да го вработи како негов личен возач му побарал 1.500 евра. Оштетениот во Штип во два наврати во текот на декември 2010 година на пријавениот Б.Н. му дал вкупно 1.000 евра.
На оштетените С.Ј. од Скопје и И.Т. од Штип пријавениот преставувајќи се како висок државен функционер ги довел во заблуда ветувајќи им дека ќе им овозможи да добијат социјален стан и им побарал – на оштетената С.Ј. 3.500 евра, а на И.Т. 5.000 евра. Оштетената С.Ј. на пријавениот во декември 2011 година му дала 3.500 евра и му купила лап топ и мобилен телефон во вредност од 2.500 евра, додека оштетениот И.Т. бидејќи немал доволно пари во јули 2007 година му дал 1.500 евра.
Насев бил повикан на информативен разговор во штипската полиција каде во присуство на адвокат се бранел со молчење, по што бил задржан во притвор. Оштетените извршиле позитивно препознавање и го посочиле како сторител на наведените кривични дела.
Насев бил евидентиран во крим евиденцијата на МВР како сторител на повеќе кривични дела, а против него биле поднесени над 20 кривични пријави за измами и за истите му биле изрекувани затворски казни.
МВР апелира до граѓаните коишто имале каков било деловен контакт со пријавениот и се измамени тоа да го пријават во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација
-
Тетовка ветувала вработувања во администрација, пет лица останале и без пари и без работа


