Јужнокорејската Крајбрежна стража соопшти дека спроведува акција за спасување на 192 патници и членови на екипажот на траектот, кој денеска удрил во карпа во водите во близина на југозападниот брег на Јужна Кореја.
Во соопштението се наведува дека шансите за спасување на сите луѓе од траектот „се добри“. затоа што нема показатели оти во пловилото влегува вода.
Во спасувачката акција се вклучени четири брода на Крајбрежната стража и повеќе цивилни пловила кои се нашле во близина.
Во истиот реон во 2014 година потона јужнокорејски траект, при што загинаа над 300 лица, од кои повеќето ученици кои беа на екскурзија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


