| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во градски парк

Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје.

Трката е организирана од Мечувалечки клуб Ескрим со цел да ја подигне свеста за децата со Даунов синдром и да ги поттикне спортските центри и клубови да им овозможат на децата да се вклучат во спортот и да им обезбедат еднаков пристап до него.

Освен придобивки од спортот и здравиот живот, трката има за цел на децата со Даунов синдром да им се отворат вратите за социјализација и живот без предрасуди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top