| четврток, 6 декември 2018 |

Метеомакс со посмела прогноза од УХМР

Почитувани граѓани најновите анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека конечно можеме да се спремаме за поизразен топол бран и значително потопло време со многу високи температури на воздухот но и нешто постабилно и посуво време.

Постепениот пораст на температурите на воздухот ќе започне веќе од утре (недела) додека постабилно и посуво време може да очекуваме веќе од среда – четврток.

Гледано одсега многу топло во склоп со изразено топлиот воздушен бран од југ би требало да биде на самиот почеток од месец април па тогаш на повеќе места температурите на воздухот би се искачувале над 20 степени додека во централните предели и на југоисток дури некаде до околу 27, 28 степени.

НАПОМЕНА: Ова е само една првична информација и анализа.

Секако ние континуирано ќе ја следиме секоја ново – настаната временска состојба и ќе информирам поради тоа што сеуште метеоролошките модели не се усогласени сите околу ова сценарио поточно едни даваат токму ваква ситуација додека други нешто посвежо време.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top