| четврток, 6 декември 2018 |

Причината за смртта на хрватскиот фудбалер е нешто досега невидено на фудбалските терени

Нова голема трагедија се случи на фудбалските терени, овојпат во Хрватска за време на натпреварот меѓу Марсонија и Славонија кој денеска се играл во Славонски Брод.

Хрватската јавност остана шокирана по веста дека Бруно Бобан (25) починал откако заработил силен удар со топка во градите за време на дуелот од третата лига, а лекарската екипа која реагирала не успеала да му го спаси животот.

Првичните информации велат дека силниот удар веројатно предизвикал аритмија која предизвикала престанок на работата на срцето на Бобан, а иако на почетокот фудбалерот покажувал знаци на живот, подоцна ја загубил битката.

Бруно е помлад брат на Габријел Бобан кој е член на Осијек, а за семејната трагедија да биде поголема, пред само неколку месеци починал и нивниот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top