Господ ги чува македонските спортисти, зашто клубовите не можат. Само чудо може да го спаси спортистот кој ќе има срцев застој, особено на тренинг, кога многу ретко присувствуваат лекари. Во развиениот свет тој „господ“ и тоа „чудо“ се вика дефибрилатор – апарат за електрошокови.
Неодамна му беше спасен животот на српскиот голман Славиша Ѓукановиќ благодарение на тоа што клубот го поседувал апаратот.
За среќа, во македонските клубови се уште немало ваков случај, но секогаш постои можност да се случи. Весникот „Вечер“ истражува кој македонски клуб поседува дефибрилатор и колку лица знаат да ракуваат со него.
Поразувачки – клубовите најчесто изнајмуваат апарат само за натпреварите и поважните тренинзи, а обучени лица немаат.
Фудбалскиот шампион на Македонија, тимот на Вардар, не открива дали клубот поседува дефибрилатор, а ракометниот шампион Вардар, пак, останал без апарат откако бил раскинат договорот со ординација во склопот на хотелот „Русија“. Сега клубот има само една медицинска сестра која е обучена да работи со овој апарат, но нема апарат.
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија, има потпишано договор со ординација и располага со сите апарати кои му се потребни на клубот.
Ниту кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје нема апарат за електрошокови, но салата „Јане Сандански“ поседува и има стручни лица кои знаат да го применат. Апаратот е ставен на располагање на сите тимови кои тренираат во салата, а со оглед на тоа колкав број вработени има во клубот нема потреба од овој апарат и стручни лица за негово користење.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


