| четврток, 6 декември 2018 |

Јаневски до Жбогар: Иванов не го потпишува указот! Ај шетај сега!

Новинарот Дарко Јаневски уште еднаш жестоко реагираше на директното вмешување на како што тој ги нарекува ,,Европските бирократи’’ во внатрешните работи на Македонија. Тој ги критикуваше евроамбасадорот Жбогар и францускиот абмасадор Тимоние поради нивниот став кон законот за двојазичност, кој е неуставен и ќе создаде само дополнителни поделби во општеството.

Јаневски ги критикуваше европските претставници во Македонија поради нивното не разбирање на парламентарната демоктарија. Еве што вели тој во целост на својот Фејсбук:

„За Жбогар факт било дека парламентарното мнозинство го изгласало Законот за јазици (патем приметивте како и Тимоние ја смени плочата?). Ама, смотан еден, факт е и дека Иванов не го потпишува Указот. Разбра? НЕ потпишува… Ај шетај сега…
Инаку парламентарна демократија за која бирократот зборува подразбира почитување на деловник, на стручни мислења, на реакции на јавност… и на уште едно чудо работи кои тој додека бил на Косово очигледно не ги научил. Не дека ние сме нешто посебнпо повикани за тоа да делиме лекции, ама очигледно за Жбогар сме јаделе сомун од Солун“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top