| четврток, 6 декември 2018 |

Жбогар: Факт е, Законот за јазициte го усвои мнозинството

Амбасадорот на Европска унија во Скопје, Самуел Жбогар, изјави денеска дека е факт оти мнозинството пратеници во Собранието го изгласаа Законот за употреба на јазиците.

„Имате парламентарна демократија, законите се усвојуваат во Парламентот, мнозинството пратеници решаваат да го усвојат законот и ние мораме да го прифатиме тоа. Тоа е факт!“, изјави Жбогар во интервју за ТВ 24.

Тој додаде дека кога некој закон стапува во сила, потоа некој може да го испрати во Уставниот суд и тој ќе реши дали е уставен или не. Во однос на процедурата како законот беше донесен, Жбогар признава дека во Деловникот на Парламентот има дупки кои треба да се разгледаат за да нема различни интерпретации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top