Бошњачкиот демократски сојуз е новата политичка партија, која беше формирана денеска, а за прв претседател го избра Мунир Колашинац. Потпретседател на партијата е Зеќир Кувардовиќ, а генерален секретар Дино Дрпљанин.
-Бошњаците, како и другите заедници, имаат право на уставно еднаквост нега на културните вредности, со помош на државните и другите институции. Ќе се бориме за целосна имплементација на образование на Бошњаците и на сите други заедници на нивниот мајчин јазик. Ќе се залагаме и за информирање на мајчин јазик. Статусот на Бошњаците ќе биде остварен преку законските одредби во Македонија – изјави Колашинац.
Генералниот секретар и портпарол Дино Дрпљанин рече дека партијата ќе дејствува во политичкиот центар и дека според законот за употреба на јазиците сега и босанскиот јазик ќе се користи како официјален, по примерот на скопската општина Петровец.
Од пртијата велат дека бројот на Бошњаците во земјава е многу поголем од 17.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст