| четврток, 6 декември 2018 |

Излегување од замката на стравот: Спасов му одговори на Георгиевски за преговорите

Политичкиот аналитичар од СДСМ Ѓорѓи Спасов го коментира мислењето на Љубчо Георгиевски, кој на Фејсбук пушува дека со билателарните разговори со Грција влегуваме во голема дипломатска замка и затоа треба што поскоро да му се вратиме на Нимиц и да се побара тој да ги дава предлозите, а добро е тој и да ги води преговорите.

Љубчо Георгиевски: Македонија е влезена во една голема дипломатска замка

Статусот на Спасов го пренесуваме во целост

„Љупчо Георгиевски не кажува кој ја оспорува улогата на Нимиц. Не чита дека билатералните средби и разговори се само подготовка за продолжување на разговорите под покровителство на Нимиц. Не гледа дека тоа е фаза во разговорите и обид за зголемување на меѓусебната доверба на страните вклучени во преговорите со посредство на Нимиц.

Нимиц и натаму ги води преговорите и е единствено надлежен за давање на предлози кои ќе одат пред Советот за безбедност ако се постигне согласноста на двете страни.

Не треба да се плашиме од директни средби и разговори меѓу претставниците на Македонија и Грција. Во овој вид разговори не се разговара ниту за продажба на „Окта„ ниту се заклучуваат тајни зделки за големи бизниси. Затоа мислам дека со тие директни разговори не само што не се влегува во некаква дипломатска замка туку се излегува од замката на стравот двете најзаинтересирани страни да разговараат отворено за сопствените стравови и ставови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top