Како резултат на политичките состојби во Македонија и антидржавните политики на актуелната политичка гарнитура на СДСМ огромни протести се најавени во Струга. Протестите се секојдневие низ цела Македонија, по штетниот договор за добрососедство со Бугарија, насилното донесување на законот за двојазичност како и најавената промена на уставното име.
Струга е градот кој во изминативе години можеби е најпогоден од погрешните национални политики во минатото на СДСМ, конкретно СДСМ е најодговорно за територијалната поделба во 2004 година со која Струга стана мнозинско албанска општина, а потоа се промени целосната етничка демографска структура на градот на поезијата. Од тогаш Струга нема градоначалник Македонец, а јазичните права на македонското малцинство во локалната самоуправа воопшто не се почитуваат. Референдумот против новата територијална распределба што го организираше ВМРО-ДПМНЕ беше бојкотиран од тогашната влада на СДСМ, а паролата гласеше „Некои прашања не заслужуваат одговор“.
Очигледно стружани и овој пат како во 2004 година сметаат дека треба да одговорат на штетните политики на СДСМ во однос на македонските национални интереси. Протестот е најавен во 14 часот на главната раскрсница во Струга кај како што велат организаторите „нашиот заеднички јарбол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


