Државниот „Телеком на Косово“ денеска соопшти дека прекинува со користење на меѓународниот код на Србија за фиксните телефонски повици и дека од сега во употреба ќе биде само новиот косовски код.
– Од 24 март кодот +381 повеќе не може да се користи. Сега треба да се користи кодот +383. Ве молиме да ги информирате своите блиски и пријатели, се наведува во пораката на „Телекомот на Косово“ до неговите корисници.
Косово досега за телефонски повици од странство ги користеше меѓународните кодови на Србија (+381), на Монако (+377) и на Словенија (+386). Со новата одлука, за сите повици од странство на фиксната или мобилната телефонија ќе се користи кодот +383.
Одлуката за доделување посебен косовски меѓународен телефонски код е донесена пред две години, откако Србија се согласи Приштина да добие сопствен код, иако не ја признава независноста на Косово и и натаму официјално го смета за дел од својата територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст