| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавата на Боки 13 скината со ургенции?

Фотографирањето со премиерот Зоран Заев и половина министри во владата, како и поддршката на македонското ЛГБТ лоби го спаси Бојан Јовановски, познат како Боки 13, од плаќање на глобата од 15.000 евра за шверц на луксузни чевли, ремени и очила за сонце. Како што пред неколку дена објави „Нетпрес“, Боки 13 бил фатен со гардеробата на скопскиот аеродром по што цариниците му поднеле прекршочна пријава, односно според законот, тој требало да плати 15.000 евра за криумчарењето.

Но како што дознава „Нетпрес“, казната на Боки 13 му била скината, а чевлите му биле вратени по наредба „од горе“. Царинската управа не одговара на прашањата на „Нетпрес“ дали била платена глобата, и дали и какви последици следат по лицето кое нема да ја плати казната ниту пак дали  казната на Боки 13 била искината по наредба „од горе“.

Bye bye Skopje ✌❤️

A post shared by Boki 13 (@boki13official) on

Случајот на Боки 13 е заведен и во неделниот билтен за запленети стоки на Царината, но без детали и информации за фиичките и правните лица фатени во прекршокот.

„Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, лекови, парфеми, тоалетни води, облека, обувки, ремени, девизи, читачи за патарини, опрема за тетовирање и фалсификати.
Задржана е следната стока:
…Во вториот случај, во патните торби на патник кој пристигнал со лет од Виена, биле пронајдени 15 пара обувки (машки и женски чевли, папучи и чизми), 3 машки ремени и 1 пар очила за сонце, од разни познати светски брендови. Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки…“

Дента кога е издаден билтенот, редакцијата на „Нетпрес“ добила информација дека Бојан Јовановски бил патникот од Виена кој шверцувал луксузни обувки, ремени и очила за сонце и објави ексклузивни фотографии и од прекршочната пријава против Боки 13, како и дека е осомничен за кривично дело.

На 19 март, годинава, Боки 13 враќајќи се во Македонија со лет од од Виена, бил фатен од царинската контрола на скопскиот аеродром во обид да прошверцува 19 пара луксузни обувки, ремени и очила за сонце. При слегувањето од авионот, Боки 13 поминал на т.н. зелен канал, место определено за лица кои немаат ништо за пријавување за царинење. При селекција од страна на царински службеник е прегледан багажот на Боки 13 и била пронајдена непријавената стокаод комерцијален карактер. Во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Живанши“, „Гучи“, „Џузепе Заноти“, „Том Форд“, „Кристијан Лобутин“, „Лорен“ и „Луј Витон“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Гучи“, „Фенди“ и „Џузепе Заноти“, и еден пар очила за сонце „Гучи“, како и два пара ремени од марките „Луј Витон“ и „Гучи“.

Согласно чл.263 ст.3 од Царинскиот закон, Боки 13 извршил царински прекршок, за избегнување на царинска контрола и според овој член од законот, Боки 13 треба да плати глоба во висина од 15.000 евра.

Боки 13 е миленик на власта, а според негови зборови, е близок пријател со премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска.

Во екот на преземањето на власта од страна на СДСМ, Боки 13, побрза да влезе во високите кругови и преку својата граѓанска организација „Меѓународен сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории“. Тој експресно оствари средби на високо ниво со премиерот Зоран Заев, со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со министерот во МВР, Оливер Спасовски. Боки, како претседател небаре на етаблирана и позната светска хуманитарна организација, се состана со половина државен врв во земјава, барајќи соработка за која патем доби и голема поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top