| четврток, 6 декември 2018 |

ОМД: Не ни треба членство во ЕУ кога ни врши класична уцена

ЕУ е вештачка унија која прави непринципиелен пристап кон Р.Македонија. Има конвенции кои го гарантираат правото на самоопределување а нам тоа ни се попречува. Нема потреба Р.Македонија да е членка на ниту една организација во која се забранува користењето и употребата на уставното име Република Македонија, вели за Канал 5 Александар Митрески, потпретседател на Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон, која што има свои претставништва во уште неколку светски центри.
Според Митрески, за Македонија клучно е да биде член во НАТО,  но тој не гледа причина да биде член на ЕУ која прави класична уцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top