
Италијанската фирма „Тото“ поради која СЈО отвори истрага за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица била дисквалификувана од членовите на тендерската комисија од ЕУ, откриваат документите до кои стигна „Република“.
Според СЈО, на тендерот прва најповолна понуда имала токму оваа компанија, а втора била понудата на „Актор“ и луѓето кои сега ги сомничи Јанева, всушност, наместиле „Актор“ да го добие тендерот, а не најповолниот „Тото“.
Но, ревизијата која е направена од страна на истражувачката агенција ОЛАФ, по нарачка на Европската комисија, покажува дека компанијата „Тото“ била дисквалификувана од страна на претставниците на ЕУ во тендерската комисија. Европската комисија во ова тело имала пет члена, а македонската влада два.
-Иако фирмата „Тото“ даде најниска цена, дисквалификувана беше затоа што не исполнуваше други услови на тендерот. Пред се, оваа компанија во Италија ја следат низа скандали, помеѓу кои и недовршени проекти кои се финансирани од Европската комисија, која е кофинансиер на Демиркапија – Смоквица, вели нашиот извор.
Истражувањето на „Република“ покажува и дека за ваквите криминални дејствија фаворитите на СЈО се на суд во Италија и се товарат за злоупотреба на европски пари.

Судски спор против „Тото“
Она што е исто така симптоматично е тоа што на прес-конференцијата, која практично беше спој од еден текст на БИРН и прес на Петре Шилегов од пред две години, Фатиме Фетаи истакна дека „Актор“ воопшто не била реномирана компанија од оваа област.
Но, фактите го говорат спротивното, „ Актор“ е една од двете компании во Европа кои поседуваат големи дупчалки за тунели, кои беа потребни на трасата Демир Капија – Смоквица, во исто време, доколку се погледне веб-страницата на избраната компанија, ќе се види дека таа ги има изградено речиси сите нови инфраструктурни проекти во Грција, автопати, тунели, големи делници. Еден од последните големи проекти на „Актор“ е целата подземна железница во Доха, Катар.

Автопат „Игнација“ тунел кај „Мецово – Панагија“
Финансиските резултати на оваа компанија се еднакви на финансиските резултати на целата македонска економија, односно, приливот во „Актор“ е околу 3 милијарди евра годишно, речиси колку што е приливот во Буџетот на Република Македонија.
„Актор“ е сопственик и на големи медиуми во соседна Грција, помеѓу кои и телевизијата „Мега“, па од компанијата се сомневаат дека прогонот во Македонија им се случува затоа што тие се опозициски настроени и кон владејачката Сириза, но и кон Нова демократија.

Во исто време, СЈО сомничи дека фирмата „Актор“ направила злоупотреба затоа што ангажирала консултанти за градба од Грција, кои имале 4.000 евра плата. Во извештајот на ОЛАФ за ЕУ ова не е истретирано, затоа што по самиот тендер „Актор“ имал право сам да ангажира консултанти кои сам ги плаќа, а просечната плата на градежен инжиниер во ЕУ се движи токму околу оваа сума.
„Република“ објави документи од ревизијата на Европската комисија, кои потврдуваат дека и тендерската документација и самата изградба се извршени по пропис и не е прекршен ниту еден македонски и европски закон.
Случај „Актор“: Заради политика и политички монтиран прогон СЈО ги отфрли и аргументите на ЕУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


