МВР тапка во место и не презема ништо освен празни муабети да ги подобри условите на македонскиот полицаец, констатираше денеска на прес-конференција претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев нагласувајќи дека синдикатот го губи трпението поради, како што рече, хаосот кој се случува во МВР.
Според Делчев, Синдикатот смета дека интервјуто на министерот Оливер Спасовски за телевизија Телма на кое кажал дека МВР имала одлична соработка со синдикатот, тоа не било точно бидејќи комуникацијата им била само со достава на барања од НСП.
Делчев смета дека министерот Спасовски добива лажна слика од неговите соработници за состојбата на полицајците и нагласува дека нема тоа да се дозволи. Од синдикатот го повикаа министерот на терен да се увери дека не се поделени чизми за сите полицајци како што тој изјавил, туку дека само една третина имаат добиено нови обувки.
Од НСП испратија повеќе прашана до министерот на кои тој не одговорил во интервјуто, а меѓу нив прашања и тоа дали со првиот ребеланс на Буџетот ќе има покачување на платите во МВР, до кога полицајците со стаж од 2-3 години ќе водат полициски одделенија или цели станици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст