| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп одлучи: Трансексуалци нема да служат во армијата на САД

Претседателот на САД Доналд Трамп издаде наредба, со која забранува транссексуалци да служат во армијата, освен „при ограничени околности”.

Да се задржат војници со историја или дијагноза „полова дисфорија”, кои можат да имаат потреба од значителна медицинска терапија, е „значителен ризик за ефикасноста на војската”, посочи Белата куќа.

Поимот „полова дисфорија” се користи за означување на чувството за недостиг на синхронизација помеѓу половиот идентитет и надворешниот изглед.

Трамп го изненади минатата година раководството на Пентагон со најавата дека ќе го отфрли планот на својот претходник Барак Обама да се овозможи на транссексуалци да служат во армијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top