| четврток, 6 декември 2018 |

Мандела се враќа од мртвите

Поранешната сопруга на тешко болниот Нелсон Мандела изјави дека неговата здравствена состојба е значително подобрена во однос на претходните денови.

Вини Мадикизела Мандела ја извести јавноста за здравјето на Мандела зборувајќи за Си Би Ес њуз од пред неговиот поранешен дом во Совет.

–       Не сум лекарка, но можам да кажам дека во однос на состојбата од пред неколку дена покажува голем напредок, рекла таа.

Членовите на семејството се постојано со 94 годишниот Мандела кој боледува од тешка респираторна инфекција.

Во меѓувреме, во посета на Јужна Африка пристигнува американскиот претседател Барак Обама. Се очекуваше да го посети Мандела во болницата, но потоа во соопштение Обама соопшти дека „не сака да биде наметлив во време кога семејството е загрижено за неговото здравје“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top