| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска почнува Тур де Франс

Најголемиот велосипедистички спектакл во историјата започнува денеска

tur da france

Тур де Франс годинава слави 100 години постоење. Ова престижно натпреварување ќе започне денеска, а ќе трае до 21 јули наредниот месец.

Должината на велосипедските патеки е 3.404 километри и ќе се возат вкупно 21 етапа со 22 најдобри светски екипи со по 9 возачи, што значи дека вкупната бројка на велосипедисти ќе биде 198.

Интересен е фактот дека во текот на 3 недели возење велосипедистите ќе имаат само 2 слободни денови, и тоа: 8 јули и 15 јули после извозени 15 етапи и 2500 километри.

За првпат во ова натпреварување трките ќе започнат да се возат на островот Корзика на кој што е роден Наполеон Бонапарта.

Tur-mapa

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top