| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазена 24 годишна девојка во Струга

24 годишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Струга.

Несреќата била кобна за младата Е.С. која околу 21 часот пешачела кај Здружението на возачи во Струга. Од за сега непознати причини во неа удрил автомобил фиат пунто со кој управувал 27 годишниот О.С. од струшко Лабуништа.

Девојката починала на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top