
-Мојот син Санти почина. Замина мирно и спокојно и ја исполни својата мисија во краткиот живот. Ви благодарам на сите на поддршката, напиша Кањизарес.
Шпанскиот голман Сантијаго Кањизарес кој во кариерата ги бранеше боите на Реал Мадрид и одигра над 300 натпревари за Валенсија, објави дека неговиот петгодишен син Сантијаго Џуниор починал денеска.
Веста ја објави неговиот татко на Твитер каде што напиша порака за збогум.
-Мојот син Санти почина. Замина мирно и спокојно и ја исполни својата мисија во краткиот живот. Ви благодарам на сите на поддршката, напиша Кањизарес.
Емотивна порака до малиот Санти имаше и сопругата на Кањизарес, Мајте Гарсија.
-Моја љубов, мој живот, мој ангел. Секогаш ќе живеам и ќе дишам за тебе. Секогаш ќе бидеш дел од мене. Те сакам, напиша мајка му.
Кањизарес во јуни минатата година објави дека син му е тешко болен, а за жал спас не беше пронајден и малиот Санти почина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


