| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени ваги, монитори и компјутер: Ограбена лабораторијата на Фармацевтскиот факултет во Скопје

Вчера околу 13.45 часот во Полициската станица Центар, од Фармацевтски факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“- Скопје било пријавено дека во периодот од 19.00 часот на 20.03.2018 до 07.00 часот на 21.03.2018 година, во лабораторија на факултетот непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со тврд предмет го скршил прозорецот, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top