Поранешниот шеф на македонската дипломатија и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски, во вчерашното гостување во емисијата Топ Тема на Ваша страна потенцираше дека спорот со името може да се решава само доколку е во интерес на Македонија, а не треба да се реши за некоj да се прави среќен.
Попоски смета дека доколку владата на СДСМ не ги известила претседателот на државата и опозицијата за разговорите кои ги води со Грција докажува само дека оваа влада нема никаква стратегија за да го реши спорот со името.
-Доколку сме согласни дека ЕУ е инструмент за наш напредок каде што ќе имаме систем, ред, поредок, правна држава дајте да ги поправаме тие работи и да напредува. А, да не дозволиме ситуација во која ветуваме дека тоа ќе го испорачаме а првата жртва на реконструкција во владата ви е министерот за правда или ветувате дека ќе направите системски промени во тој дел, а веќе 10 месеци немате испорачано конкретен резултат. Не е време за политиканство, кажа Попоски.
Екс министерот за надворешни работи посочи дека сега има влада која што 10 месеци ветува живот, а нема испорачано ниту еден од оние параметри кој што ги ветуваше, како што кажа тој тоа го велат сите сериозни аналитичари кои се провладино настроени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)