Портпаролот на Општина Гостивар Јасин Демири, во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“, на прес-конференција информира за два случаи на кршење на процедурите и за злоупотреба на средства сопственост на Општина Гостивар, кои ги направил шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта.
Според општинскиот портпарол, станува збор за техничка опрема на која и се губи трагата и не е извршено примопредавања. Според Демири, станува збор за еден таблет и четири лап-топи со вредност која надминува 350 илјади денари.
– На 18.10.2013 Општина Гостивар набавила Aplle iPad во вредност од 42.901 без отворен тендер. Приемот го потпишал шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник, но тој не е предаден при напуштање на канцеларијата. Во случајов има две сериозни повреди, односно необјавување на тендер за јавна набавка со вредност повисока од 30.000 и класична кражба на општинска сопственост- истакна Демири.
Тој тој информираше и за случај, при што е направена злоупотреба при набавка на средства во износ од 321.300 денари.
– На 17.10.2013 година општината набавила и четири лап-топи со поединечна цена од 76.500 денари плус ДДВ. Досега никој не ги видел тие лап-топи и не се знае каде завршиле- рече портпаролот на општината.
Тој ги повика истражните органи да се позанимаваат со овој случај, а кој како што нагласи има доволно докази за злоупотреба на службаната положба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.