
Претседателот на државата Ѓорге Иванов останува на веќе изнесениот став за Законот за употреба на јазиците и за потпишувањето на указот за негово прогласување, потврдиле за МИА од кабинетот на шефот на државата.
Иванов по повторното изгласување на законот на 14 март во обраќање до јавноста кажа дека нема да стави потпис за прогласување на повторно изгласаниот закон, бидејќи тоа не му го дозволуваат совеста и Уставот.
Собранието на 14 март во тензична атмосфера со 64 гласа „за“, без против и воздржани по втор пат го донесе Законот за употреба на јазиците, без амандманска расправа. За Законот гласаа и 24 пратеници од немнозинските заедници.
Законот, кој првпат беше изгласан на 11 јануари повторно се најде пред пратениците откако претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша и го врати на повторно разгледување во Собранието.
Во меѓувреме за законот се огласија и ЕУ и САД. ЕК очекува Законот да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во „Планот 3-6-9“ на македонската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


