| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар про против Барселона и Лазаров

Жрепката сакаше Кире Лазаров повторно да игра во Лигата на шампионите против македонски тим. На денешното извлекување на групите за претстојната сезона на шампионската ракометна лига, новиот клуб на Лазаров, Барселона се падна во групата Ц заедно со ПСЖ, Вардар ПРО, швајцарски Вакер Тун и  два противника кои ќе бидат познати по квалификационите турнири, а еден од нив е и турнирот на клубови со Вајлд-карта (Металург, ПИК Сегедин, Монпеље, Висла Плок).

Македонскиот првак Вардар годинава е засилен со новиот спонзор Самсоненко но и со неколку нови играчи како Тоскиќ, Дибиров и Стефан Терзиќ.

Лазаров како играч на Кроација Осигурање Загреб веќе играше против Вардар Про во Лигата на шампионите. Најдобрите четири од секоја група ќе продолжат до осминафиналето, а потоа по нокаут систем во два меча најдобрите четири екипи ќе играат во Келн, во „Ланксес арената„ на завршниот Final four турнир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top