| четврток, 6 декември 2018 |

Судот без аргументи ја отфрли жалбата за притворот на Васе Доневски

Без никакво дополнително образложение судот ја одби жалбата во врска со притворот на поранешниот директор Васе Доневски. Според неговиот адвокат Ненад Јанаќиевиќ станува збор за семеен човек со нарушено здравје, болна сопруга и професионалец во својата работа, па оттаму нема причина за бегство. Како дополнителна мерка одбрана на Доневски го понудила пасошот како гаранција дека нема да се даде во бегство. Hеосновано е барањето на обвинителството е дека осомничениот може да влијае врз сведоците. Колку за потсетување уште пред три месеци Доневски бил повикан на разговор во Управата за финасиска полиција, но и покрај долгиот временски период, Доневски нема превземено никакви активности да побегне или да и попречи на истрагата. Нејасно е зошто во овој случај на Доневски му се одбива жалбата на Доневски и не се прифаќа ниту еден друг вид на гаранција или некоја олеснителна околност, а за второосомничениот постојат други критериуми.

Поранешениот директор на Службата за општи и заеднички работи на владата Васе Доневски беше приведен под сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба, а се товари и за соизвршителство. Финансиската полицијата го сомничи дека противзаконски склучил договор со компанија во вредност од над 10 милиони евра.

Но фактичката состојба е сосема поинаква. Во 2015 година, заради истечениот тендер СОЗР отпочнува постапка за распишување на јавна набавка. При истражување на пазарот побарано е мислење од седум правни лица, иако законот вели дека е потребно најмалку од шест. Откако е распишан тендерот, без разлика дали било побарано нечие мислење или не, секој имал право да учествува на јавната набавка. Станува збор за јавна набавка која сеуште се реализира, бидејќи сумата од 11 милиони евра со која што се манипулира се однесува на три години. Намерно од страна на власта не се информира дека не станува збор само за услуги во делот на хигиената, ниту пак станува збор само за одржување на хигиена во владата. Напротив станува збор за обезбедување на услуги за десетици институции кои располагаат со преку 150 000 метри квадратни простор. Дополнителен трошок за операторот кој го добил тендерот е и обезбедување на соодветни сертификати и останати административни трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top