Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар го потврди заминувањето на бразилскиот интернационалец, Хуан Фелипе Алвес.
Бразилецот кој важеше за најдобар играч на „црвено-црните“ имаше договор до 2020 година, но поради неразјаснети причини двете страни се одлучија да го прекинат истиот. Фелипе пристигна во Вардар летото 2015 година од таборот на ЦСКА Софија. Во овој период фудбалерот од средниот ред на 112 натпревари, постигна 28 голови во „црвено-црниот“ дрес.
Второпласираната екипа во нашиот шампионат му се заблагодари на Хуан Фелипе и му посака многу среќа и успех во понатамошната кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст