| четврток, 6 декември 2018 |

Каменувана „50“ на ЈСП, искршени три стакла

Автобус на ЈСП кој сообраќал на линијата со број 50, вчера бил каменуван на булеварот „Крсте Мисирков“, при што оштетени биле три скала. Од полицијата информираат дека по преземени мерки, од слобода е лишен А.М. (22) од Скопје.

Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top