Handcrafted:mk е новоснована платформа за поддршка при започнување на мали бизниси чијашто основа е рачната изработка. Се обраќа на дизајнери од сите возрасти и образовни позадини кои сакаат да започнат сопствен бизнис што ги вклучува македонските традиционални занаети.
Платформата е во постојана потрага по иновативни и современи дизајнерски идеи што би можеле да прераснат во сериозен бизнис што нуди конкуретен производ на локалниот, регионалниот и меѓународниот пазар.
Така, таа ќе промовира и застапува производи од брендовите учесници преку саемски учества, он-лајн продажба, „поп ап“ продавници, изложби и презентации на македонската и меѓународната сцена. Платформата ќе организира обуки, предавања, работилници, натпревари, конкурси и менторства во соработка со професионалци во полето на современиот дизајн и експерти од бизнис заедницата, што ќе ги охрабри и подготви учесниците за претриемништво и лансирање на сопствен бренд.
Платформата на шест селектирани учесници ќе им понуди и организира поддршка и водство при создавање на првата пилот колекција, финансика помош за основни материјали за пилот колекција, менторство од експерт во полето на дизајн Александар Ношпал (моден дизајнер и костимограф), Лидија Георгиева (моден дизајнер и професор на ТМФ-Скопје) и Моника Лозановска (дизајнер на накит и филигран).
Три еднодневни работилници на следните теми се: Изработка на бизнис план и менаџмент, брендирање, визуелен идентитет и маркетинг и пристап до финансии и обезбедување на основни средства за почеток на активност во креативните индустрии. Аплицирањето е до 22. април 2018 за првиот циклус.
Дознајте повеќе за процесот на пријавување на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст