Поранешниот премиер Никола Груевски денеска после рочиштето за случајот „Тенк“ на СЈО истакна дека не е изненаден од новите истраги на СЈО, од кои во една ќе биде опфатен пописот и притоа рече дека во спроведување на пописот имало државна комисија која го правила тоа одговорно и професионално.
Во однос на одлуките на комисијата за попис, Груевски рече дека таа си ги носела сама без никакви притисоци.
Ова, рече Груевски, е уште еден чекор на СЈО да се дефокусира јавноста од она што се случува во земјата.
– Не може СЈО да одржува толку прес-конференции, да отвора толку истраги, колку што Заев може да направи глупости. Тој е многу побрз и подинамичен и почесто ги прави глупостите отколку што тие можат да отворат истраги за да му ги затскријат глупостите – истакна Груевски.
Поранешниот премиер Груевски, кој е осомничен во повеќе предмети на СЈО, ја коментираше и втората истрага, што се однесува на предметот „Актор“, за која кажа дека и Европската комисија го потврдила изборот на компанијата, иако по некое време отворила истрага по допрен глас, но повторно по истрагата ги известиле владините органи дека немаат забелешки на постапката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст