| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев подобро да не патува, ќе заштеди повеќе

По денешната промоција во Владата на РМ на алатката за отчетност, односно за трошењето на државни пари на функционерите, реагира поранешниот премиер Никола Груевски. Според Груевски, СДСМ подобро да не патува, да не прави трошоци, ќе заштеди многу повеќе пари отколку кога патува бесцелно.

– Политичарите кога патуваат, патуваат со одредени цели, а јас секогаш кога сум патувал сум имал одредена цел. Од она што можам да го забележам СДСМ и Заев помалку патуват отколку што патувавме ние, гледаме дека нема никакви ефекти од нивното патување, истакна Груевски и додаде дека кога тој патувал како премиер имал многу економски патувања од кои привлекувал многу инвеститори,
изјави Груевски.

Како резултат на тие патувања, Груевски рече дека тоа се отворените работни места во државата.

Според него, анализата што ја направи Владата на Заев покажала дека ако продолжат вака за 11 години ќе заштедат осум милиони денари и потоа им препора воопшто да не патуваат за да заштедат 16 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top