| четврток, 6 декември 2018 |

Оној Македонец кој ќе застане зад попис кој ќе покаже дека има 20 проценти Албанци ќе биде наденат на кол

По денешната прес конференција на СЈО во врска со пописот кој требаше да се спроведе во октомври 2011 година реагираше новинарот Дарко Јаневски кој на својот Фејсбук профил напиша:

„Е море Ахмети, тие што ти забранија да направиш влада со ВМРО, денеска ти ја пуштија Фатиме да каже дека нема 20 отсто Албанци во МК и дека затоа со Грујо сте го прекинале пописот. И тоа среде гужвата со Законот за јазици. Практично ви го поништија Рамковен, оти сега нема Македонец кој ќе може да застане зад попис што ќе покаже дека има 20 отсто Албанци а да не биде наденет на кол“.

Според неговата анализа пописот во 2011 година бил спречен поради неповолните првични резултати за албанската етничка заедница во Македонија односно дека бројот на Албанците во Македонија е помал од 20 проценти. Понатаму тој вели дека со оваа фактички се поништува Рамковниот договор, бидејќи секој еден Македонец кој ќе ќе застане зад попис кои ќе покаже дека има 20 проценти Албанци ќе биде „наденет на кол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top