| четврток, 6 декември 2018 |

Косово ја ратификуваше спогодбата за демаркација со Црна Гора

Собранието на Косово по четири прекини поради фрлање на солзавец од страна на пратениците на Самоопределување, успеа да ја изгласа Спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Со 8о гласови за и 11 против, Собранието фактички го подржа потпишувањето на Спогодбата која претходно беше потпишана од претседателите на Косово Хашим Тачи и Црна Гора Филип Вујановиќ.

Во текот на целиот ден во тензична атмосфера, пратениците на опозиционото движење Самоопределување се обидоа во четири наврати да предизвикаат прекин на седницата, а по фрлањето на солзавец, дел од пратениците на ова политичко движење беа приведени од страна на полицијата. Според соопштение од Собранието, има и искршен прозор на објектот од надворешната страна. Претседателот на Собранието Кадри Весели изјави дека со максимални напори е исполнет условот да се соберат 8о пратенички гласови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top