| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар ќе уништи се што е расцветано!

Почнувајќи од денеска (среда) па се до сабота територијата на нашата држава ќе биде под влијание на зимскиот циклон Димитар, кој ќе условува врнежливо време, а поради спуштање на многу постуден воздух од Арктикот температурите на воздухот уште од оваа ноќ ќе опаднат дури за околу 10-тина степени локално и за повеќе, објави „Метеомакс“.

Сето ова ќе услови врнежите од дожд постепено да поминуваат во врнежи од снег и на пониските места најпрвин на север и северозапад а потоа и на запад додека во јужната половина врнежите ќе бидат од дожд и од снег а на југоисток и Долж Повардарието истите ќе бидат од дожд.

Потенка снежн апокривка е можна и на некои од пониските места на северот, северозападот и на западот од државава додека на повисоките места и на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми и тоа некаде за 20 до 30 цм додека на повисоките планини и за преку 30 – 40 цм.

Во некои од котлините можен е и влажен снег во текот на денот.

До сабота минималните температури на воздухот ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и на повеќе места ќе се спуштаат во негатива поточно истите ќе с еспуштаат во интервалот од -5 до 4 степени додека на планините истите ќе бидат многу пониски.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени додека долж Повардарието и на југоисток истит еќе се искачуваат до околу па и малку над 10 степени.

Сето ова ќе биде проследено со северен и североисточен ветер кој повремено ќе се засилува по интензитет.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе има значително пониски температури на воздухот и истите ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината ги предупредуваме на сите земјоделци да си ги заштитат своите земјоделски култури и насади поради значителната опасност од појава на мразеви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top