Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се претворија во карикатура, заради понизноста во извршувањето на политичките нарачки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на СЈО на која беа презентирани три нови истраги.
Според партијата очекувано е СЈО да се активира во ситуација кога економијата е пред колапс, кога Зоран Заев и СДСМ се исплашени од јавноста поради носењето на Законот за јазиците, кога се тргува со националните интереси во преговорите со Грција.
„Никој веќе не верува во нивната професионалност и неселективност. Затоа Катица Јанева и СЈО продолжуваат политички да конструираат случаи без никаква правна основа. Јавноста мора да биде дефокусирана од целиот хаос што се случува во државата. Затоа се отвораат случаи за договори потпишани од Амбасадорот на ЕУ во Скопје или закони изгласани во Собранието“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст