Според резултатите на полиграфското тестирање спроведено во 2011 година, а до кои дојде „Си-Би-Ес Њуз“, порно актерката Сторми Даниелс ја зборувала вистината кога тврдела дека имала сексуален однос без заштита со Доналд Трамп.
Во текот на испитувањето, Стефани Клифорд, како што гласи вистинското име на порно актерката, одговарала на следниве прашања:
1.Дали сте имале вагинално-пенетративен однос со Доналд Трамп, во текот на јули 2006 година?
2. Дали сте имале сексуален однос без заштита со Доналд Трамп, во текот на јули 2006 година?
3. Дали Трамп ви ветил дека ќе влезете во неговото риалити шоу „Apprentice”?
Според резултатите на тестирањето, Даниелс на сите три прашања одговорила со “да“.
Одговорот на првото прашање е оценет со +9 за вистинитост, одговорт на второто со +6. Додека на третиот одговор добила оценка +4. Таквите резултати се доволни целокупното испитување да се оцени како вистинито, пишува „Инди 100“.
Белата куќа негираше дека Доналд Трамп имал врска со Сторми Даниелс.
Актерката во филмовите за возрасни, сега го тужи американскиот претседател и неговиот адвокат Мајкл Коен, обидувајќи се да го раскине договорот за неизнесување на информации, кој ја спречува да проговори за аферата со сегашниот шеф на Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст