| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН непријатно изненадена од поевтинувањето на струјата

evnЕВН Македонија е сeриозно загрижена и изненадена од последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, стои во соопштението на компанијата по одлуката за 5 процентно намалување на цената на струјата за потрошувачите.

Од таму информираат дека не барале зголемување на цената, но не ни очекувале „толку големо намалување и тоа токму и само во делот на ЕВН со што директно се загрозува стабилноста на компанијата, но и на енергетскиот сектор во целина“.

„Големото намалувањето на  цената за дистрибуција и снабдување, во комбинација со истовременото зголемување на цената на производството и преносот кај енергетските компании во државна сопственост, сериозно го загрозува работењето на ЕВН Македонија што значително ќе се одрази на ликвидноста на компанијата“, соопштуваат од ЕВН, додавајќи декаова значително ќе се одрази на планот за ивестирање од над милијарда евра.

„Без да ја доведеме во прашање улогата на Регулаторната комисија за енергетика, би сакале да истакнеме дека една од главните функции на регулаторното тело е да обезбеди финансиски одржлив енергетски сектор, согласно Законот за енергетика.  ЕВН Македонија е принудена да ги разгледа сите можни опции со цел пронаоѓање на соодветно решение за ваквата состојба“, стои на крајот од соопштението на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top