Уште една сообраќајна несреќа вчера на подрачјето на Скопје. Откако беше прегазено детенце во Батинци, во 12 часот и 30 минути на крстосницата од улиците “Христо Татарчев“ и “1511“, во населба Кисела Вода, патничко моторно возило „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот Л.И. од Скопје удрило во пешак.
Се работи за 79-годишната С.Т. од Скопје која по незгодата е пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Од страна на увидна екипа при СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


