| четврток, 6 декември 2018 |

„Мојата скопска приказна“ – фотоконкурс за идентитетот на старо Скопје

„Mоја скопска приказна“ е отворен конкурс на фотографии инспирирани од фасади на објекти кои го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје. Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Скопје, во мај 2018 година, а за првонаградениот фотограф следува парична награда од 300 евра во денарска противвредност. Наградата за второ место е 150 евра, а за трето 70 евра.

На отворениот конкурс ќе се наградува најдобрaтa композиција од 5 фотографии по учесник на тема „Стари автентични скопски фасади“.

За учество, потребно е да се испратат фотографии од 5 различни фасади, кои ќе ја прикажат архитектурата, дизајнот, автентичноста и единственоста на истите. Се бара креативна композиција и јасност во фотографиите. Еден од критериумите за оценување е квалитетот и оригиналноста на фотографијата.

Фотографиите не треба да бидат помали од 1MB и не поголеми од 5MB. Истите мора да бидат подготвени за печатење. Сите учесници потребно е да бидат во можност да обезбедат слика со висока резолуција погодна за печатење за изложба доколку сликата е потребна.

Конкурсот е отворен до 04.04.2018 година, до 16.00 часот. Фотографи од сите возрасти и нивоа на искуство се поканети да испратат фотографии од автентични скопски фасади со што ќе добијат можност да освојат парична награда. Фотографиите треба да се испратат преку линк на: office@strymonfilm.mk.

Проектот е во организација на Стримон Филм Скопје, а со финансиска поддршка на Делегацијата на Европска Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културно наследство 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top