Денеска ретко кое семејство нема земено кредит, а зависно од тоа за каков кредит станува збор, банките бараат жиранти, а денеска да бидеш жирант е меч со две острици, пишува Скопјеинфо.
Коста од Скопје ја раскажал својата приказна, за тоа дека бил жирант на својот прв братучед и дека четири години после тоа исплаќал кредит, од кој не потрошил ниту денар.
– Бевме блиски. Додека бевме деца живееме во иста куќа, први братучеди. После тоа јас кога се оженив си купив стан и се отселив, но близината никогаш не престана. Една вечер, ми се јави на телефон да ме праша дали сакам да му бидам жирант за да земе кредит. Мислев дека можам да му верувам, дека има добри примања, па без размислување прифатив, без да се исконсултирам со никој, ниту со сопругата.
– Тој го зема кредитот и за околу еден месец го снема, замина во странство. Отиде во Нов Зеланд. Ми имаше спомнувано дека сакаат да одат, но не знаев дека тоа ќе биде сега. Верувајте, цели четири години, јас делев од устата на моите деца, за плаќање на неговиот кредит. Живеевме со моја половина плата. Стигнавме на работ на егзистенцијата. Моите деца едвај имаа со што да се прехранат. Едвај имавме што да им дадеме за јадење, а деца се тоа, одат на училиште, имаат и свои потреби. За нешто повеќе и да не зборуваме. Од братучедот ниту трага, ниту глас, раскажал Коста.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст