Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице, за кое постои основи на сомневање за сторено кривично дело “Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години”.
Причините за притворот се што станува збор за дело за кое е пропишана казна од најмалку 12 години затвор, како и опасноста од бегство и можноста да влијае на сведоците и вештаците со што ќе ја попречи кривичната постапка.
– Осомничениот на 16 март 2018 околу 20 часот дошол во посета на своите соседи, во време кога родителите не биле присутни во домот. Искористувајќи го претходното познанство и соседски однос со семејството, како и момент кога девојчето останало само со него во просторијата, осомничениот со намера да ги задоволи своите полови страсти, извршил полово дејствие над оштетеното девојче заканувајќи ѝ се да не кажува за настанот, соопштија од обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст